Регион 11. декември 2019. / 10:20

Затворски казни за 14 лица поради поддршка на џихадисти во Бугарија

Затворски казни за 14 лица поради поддршка на џихадисти во Бугарија

Суд во Бугарија осуди 14 луѓе на затворски казни поради организирање пропагандни активности за терористичката „Исламска држава“ и поради пружање логистика на џихадисти.

Лидерот на групата Ахмед Муса Ахмед, самопрогласен имам од ромска населба во Пазарџик, е осуден на осум и пол години затвор. Прогласен е за виновен за ширење омраза, верска нетрпеливост и повикување на војна. Тој е христијанин кој преминал во ислам и веќе издржува затворска казна за други кривични дела.

Останатите добија затворски казни во траење од една до три и пол години. Меѓу нив е една жена, која доби две и пол години условен затвор.

Според обвинението, Ахмед и неговите приврзаници ги повикувале бугарските муслимани да се подготвуваат за војна и им прикажувале џихадистички видео снимки од погубувања.

Ахмед, исто така, помогнал на група од четворица џихадисти од странство на тој начин што им обезбедил превоз и сместување додека биле на пат кон Сирија и Ирак. Меѓу нив е и еден Франзцузин со босанско потекло, за кого има сомневање дека војувал во Сирија, а низ Бугарија минал неколку пати.