Регион 23. декември 2019. / 11:08

Запален автомобилот на турски дипломат во Солун

Запален автомобилот на турски дипломат во Солун

Во текот на ноќта, непознати лица запалиле паркиран автомобил во Солун, а според грчките медиуми, возилото е во сопственост е на турски дипломат од Конзулатот на Турција во Солун.

Според истите информации, предизвикана е материјална штета во задниот дел на автомобил.

Од противпожарната служба на Грција информираат дека во гаснењето на пожарот интервенирале шест пожарникари со две возила.