Д.Х. до Сибаш кај Бачка Паланка, државјанин на Србија кој веќе две години работи во Словачка, најверојатно на 18. мај е киднапиран и веќе 2 недели на сила е држен на една плантажа за јагоди кај Братислава, каде го пронашла полицијата и го вратила во Србија.
Семејството на исчезнатиот потврдила дека со него последен пат се слушнало на 18. мај, кога им рекол дека ќе даде отказ во фабриката во која работи и ќе се врати за Србија.
Меѓутоа, оттогаш му се губи секаков траг, се додека солвачките медиуми не јавиле дека во саботата е пронајден на фарма близу Братислава целосно дезориентиран и изгладнет, без никакви лични документи.
-Полицијата после исчезнувањето на Д.Г. почнала со потрага и на 29. мај е пронајден и неговиот мобилен телефон 20 километри од Братислава. Неколку денови после тоа пронајден е и тој на една плантажа за јагоди во Дубравка. Изгладнет и дезориентиран, не знаел да каже што точно се случило. Има индикации дека на фармата е држен против своја волја, дека киднаперите му ги одзеле сите документи и дека го терале да работи таму – пишуваат словачките медиуми.