Регион 17. октомври 2019. / 15:59

Захарова: Косово не е држава, не успеаја да ја протуркаат таа идеја

Захарова: Косово не е држава, не успеаја да ја протуркаат таа идеја

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека со текот на времето станало очигледно дека Косово не е држава, туку само обид на одреден број држави да го протуркаат неговото признание.

– Тоа не е држава и тука постои политички аспект. Познат е ставот на Русија за грубото кршење на меѓународното право, суверенитетот и територијалната целовитост. Се тоа е пропишано во адекватните резолуции на Советот за безбедност на ОН. Државите што го признаа Косово како суверена држава направија грубо кршење на тие постојни резолуции – изјави Захарова на конференција за новинарите.

Захарова оцени и дека ниту во реалноста, ниту на правно поле, Косово на никој начин не може да постои како држава. Според нејзините зборови, изјавите дека Косово е држава остануваат само празни зборови, затоа што тоа противречи на меѓународното право.

– Тие не успеаај и нема да успеат во тоа – заклучи Захарова.