Регион 10. август 2018. / 16:54

Загреб: Запленети се повеќе од 150 килограми дрога

Загреб: Запленети се повеќе од 150 килограми дрога

Во Загреб биле запленети 150 килограми различни видови на дрога.

При акцијата уапсено е и едно лице на возраст до 33 години.

Според хрватската полиција лицето се занимавало со производство, но и продажба на дрогата.Во авотмобилот и станот на осомниченото лице биле пронајдени 147 килограми марихуана, 815 грама кокаин, 1,7 килограми амфетамин, 456 таблети (екстази) и 130 грама непозната супстанца, за која се сомневаат дека е парацетамол, а пронајдени биле и 9,5 грама хашиш.