Регион 19. декември 2018. / 09:27

Загина позната пејачка

Загина позната пејачка
Безживотното тело на пејачката е пронајдено во Дунав, а истрагата е во тек.
Канадската пејачка родена во Романија, Анка Поп загина на 34 години, пренесува АП.

Според неофицијални информации, пејачката излетала со автомобилот од пат и завршила во Дунав каде е пронајдено нејзиното безживотно тело.

Како што се наведува, исчезнувањето на Анка во полиција го пријавила нејзината сестра, а истрагата за целиот случај е во тек.

Анка Поп е родена на 22 август 1984 година. Во јули 2017 година го објави големиот хит со Горан Бреговиќ, преработка на песната „Ѓурѓевдан“ под името „Едерлези“.