Регион 17. декември 2019. / 09:37

Заедничка седница на владите на Србија и Словенија во Нови Сад

Заедничка седница на владите на Србија и Словенија во Нови Сад

Владите на Србија и Словенија ќе одржат заедничка седница во покраинската Влада во Нови Сад.

Премиерот на Словенија Марјан Шарец синоќа пристигна во Белград, каде што имаше вечера со српската премиерка Ана Брнабиќ.

По состанокот на двајцата премиери и на министрите, на пладне ќе се одржи заедничката седница на двете влади, по што ќе се следи потпишување на меѓудржавни договори.

Во Нови Сад попладне ќе се одржи и конференција на тема „Дигитализација во земјоделството“ на која ќе зборуваат двајцата премиери.