Регион 11. ноември 2020. / 10:23

Задолжителен негативен ПЦР тест за сите посетители на Грција

Задолжителен негативен ПЦР тест за сите посетители на Грција

Сите оние кои од денеска, до 30 ноември ќе пристигнат со меѓународни летови во Грција, потребно е да имаат негативен ПЦР тест, направен 72 часа пред патувањето.

Одлуката е за периодот додека земјата е во карантин, а според издадените упатства Службата за цивилно воздухопловство на Грција, утрово стапи во сила.

Од понеделникот, домашните летови во Грција се само за есенцијални патувања.