Србија ја зајакна санитарната контрола на сите гранични премини поради враќањето на туристите од летните одмори од земји со зголемен број заболени со ковид-19.
Како што јави МИА од Белград, српската Влада воведе мерки за патници кои доаѓаат од нашата земја, Бугарија, Романија и Хрватска, кои ги смета за земји со неповолна епидемиолошка состојба.
Граѓаните на овие земји и сите кои влегуваат од нив во Србија се бара задолжителен негативен ПЦР тест направен не подолго од 48 часа од денот на издавањето.
На другите патници српската гранична полиција им дели предупредувања во кои се наведени карактеристиките и симптомите на ковид 19, со истакнати телефонски броеви на институтите за јавно здравје.
Според новите правила кои ги донесе Министервото за здравство на Србија, македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија, не е потребно да приложуваат негативен ПЦР тест при влез во оваа земја, со тоа што периодот за транзитирање е лимитиран на 12 часа од моментот на преминување на границата.