Регион 02. јануари 2021. / 21:27

Забрана за традиционалното осветување на водите за Богојавление – Грција ги заострува ковид-мерките

Забрана за традиционалното осветување на водите за Богојавление – Грција ги заострува ковид-мерките

Грција драстично ги заостри мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.

Мерките ќе траат до 11 јануари и со нив се забранува работата на сите услужни фирми, кои до сега можеа да функционираат.

Се затвораат книжарниците, фризерските и салоните за разубавување, како и авто-сервисите.

Во Грција до 11 јануари е забранет и ловот и риболовот а останува и мерката со која не се дозволува излегување од домовите од 21 до 5 часот изутрина.

Црквите и натаму се затворени за верниците а властите решија на големиот христијански празник Богојавление (6 јануари) да забранат организирање на традиционалното осветувања на водите.