Регион 12. мај 2018. / 15:32

За неколку минути останал без автомобилот – гледал како возилото се претвора во чад (ВИДЕО)

За неколку минути останал без автомобилот – гледал како возилото се претвора во чад (ВИДЕО)

За автомобилот на еден загрепчанец немало спас, бидејќи како што покажува видеото, возилото изгорело за само неколку минути.

Сѐ е снимено од случаен минувач, а инцидентот се случил вчера утрината.

„Забележав дека нешто чади. Се приближив и видов дека чад излегува од багажникот на бел Опел. Покрај автомобилот беше и сопственикот. Делуваше како да не знае што да направи. Мавташе со рацете, како да се обидува да го изгаси пожарот“, рекол минувачот кој го снимил пожарот.

Иако пожарникарите дошле за неколку минути и веднаш интервенирале, поголемиот дел од автомобилот изгорел. На местотона настанот пристигнала и полицијата.