Србија е клучна држава во регионот со која Германија тесно соработува. Србија има клучна улога на Косово и во БиХ и затоа е важно да интензивно да разменуваме мислења, истакна Меркел на заедничката прес конференција со Вучиќ.
Таа потсети дека претседателот на ЕК Жан Клод Јункер неодамна престојуваше на Западен Балкан, каде истакна дека е многу важен тој регион.
Српскиот претседател Вучиќ наведе дека Германија е најважниот партнер за Србија, и дека државата ќе стори се за да избегне секаков конфликт на Балканот.
Вукчиќ истакна дека Србија е посветена на мирот и стабилноста и дека каков било конфликт на Балканот ќе ја врати земата и народите 100 години назад.
Ќе дадеме се од себе да се избегнат тензии и каква било дестабилизација, рече Вучиќ.