Регион 06. март 2020. / 10:41

За едно деноноќие спречени близу 3.000 обиди за нелегален влез во Грција

За едно деноноќие спречени близу 3.000 обиди за  нелегален влез во Грција

Во изминатите 24 часа, од шест часот вчера, до шест часот утрово биле спречени 2.867 обиди за нелегален влез во Грција на грчко – турската граница, соопштија извори од грчката Влада.

Паралелно, во истиот временски период биле уапсени осум лица, седум од Авганистан и еден од Сирија.