За тек од една недела во Грција се уапсени 194 луѓе, коишто во 184 слуачи ги прекршиле превентивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.
Грчката полиција, минатиот четврток почна со интензивни контроли, а прекршоци биле регистрирани во однос на забраните, одлуките и ограничувањата што се однесуваат на фризерски салони, фурни, слаткарници, продавници за гардероба, кафулиња, ресторани, таверни, цвеќарници, спортски игралишта и слично.
Според податоците од грчката полиција, прекршувања имало во цела Грција, а најголем број од регистрираните се во областа Атика, поширокиот регион Атина (74).
Во текот на вчерашниот ден, за 17 прекршувања, биле уапсени 20 лица, а од грчката полиција велат дека со несмален интензитет ќе продолжат со контролите со цел да се заштити јавното здравје.