Регион 12. јануари 2021. / 09:12

За еден ден над 85.000 луѓе се пријавиле за вакцинација во Србија

За еден ден над 85.000 луѓе се пријавиле за вакцинација во Србија

85.528 граѓани на Србија се пријавија за вакцинација против Ковид-19 на порталот е-Влада до 8:10 часот утрово, соопшти српската Канцеларија за ИТ за Танјуг.

Новата електронска услуга за граѓаните, беше објавена вчера.

Услугата е едноставна, се потполнува формуларот на кој се бараат лични податоци – име и презиме, единствен матичен број, адреса за е-пошта и телефон за контакт.

Покрај тоа, граѓаните пополнуваат детали дали сакаат да се вакцинираат со која било вакцина одобрена од Агенцијата за лекови и медицински помагала или дали сакаат специфична вакцина. Тие исто така го пополнуваат делот за тоа дали имаат некои хронични заболувања.

Кога ќе го пополнат формуларот и ќе го испратат, тие добиваат повратна СМС порака и е-пошта дека изразиле интерес.

Државата се одлучи на тој потег поради подобрата организација на масовната вакцинација што доаѓа во нашата земја.

Регистрацијата на граѓаните не е ограничена на време, а оние што изразија интерес можат да ја повлечат апликацијата.

За постарите граѓани кои не успеваат да пополнат електронски формулари, помладите жители можат да го сторат тоа. Исто така, контакт центарот ќе започне со работа во четврток, каде граѓаните ќе можат да се регистрираат телефонски.