„Премиерот на земјата каде што се наоѓа Жолтата куќа, местото каде што им беа вадени органи на Србите и продавани, ќе мора да биде многу повнимателен и да бира зборови кога се зборува за злосторства“, рече српскиот министер за одбрана Александар Вулин, одговарајќи на денешната изјава на Еди Рама, кој рече дека одговорните за злосторствата во Косово се наоѓаат во Белград.
Рама исто така рече дека е згрозен од изјавата на Вулин дека тој работи на создавање на голема Албанија, која само Србите обединети може да ја запрат.
“Мислев дека Еди Рама ја отвори устата денеска за да го осуди обидот за убиство на српски деца во училиште во Долна Брњица. Наместо тоа, тој ги фали и ги брани убијците и терористите од таканаречената ОВК”, рече Вулин.
Тој додаде оти премиерот на земја што ги поддржува убијците од т.н. ОВК, ќе мора да клекне на колена и да им се извини на убиените српски деца пред да побара од некој нему да му се извини за што било.
„Не знам зошто го напаѓаат Еди Рама во Албанија, но знам дека во Србија, никој нема да го нападне ако ги осуди терористите од таканаречената ОВК за убиството и силувањето на дванаесетгодишното девојче во селото Клечка од браќата Мазрек, убиец од редовите на т.н. ОВК“, рече Вулин.
Тој додаде дека не знае зошто го напаѓаат Еди Рама во Албанија, но оти знае дека никој во Србија нема да го нападне ако навистина сака мир еднаш и засекогаш.