Регион 16. мај 2020. / 10:34

Вулин: Никој нема да го праша Пендаровски како да се реши проблемот со Косово

Вулин: Никој нема да го праша Пендаровски како да се реши проблемот со Косово

,,Како ќе се реши проблемот со Косово и Метохија, ќе одлучи Србија, а претседателот на Македонија, Пендаровски, никој нема да го праша, ниту ќе бара негово мислење“.

Ова е одговорот на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кој реагирал на изјавата на македонскиот претседател дадена на барање на косовски медиум, пренесува РТС.

Српска Република пренесува дека Вулин му порачал на Пендаровски ,,да продолжи да молчи на јзикот што никој, освен Србија, не му го признава“.

Кабинетот на Пендаровски, во ставот на претседателот за евентуална корекција на границите како можно решение на српско-косовското прашање навел дека се противи на евентуална корекција на границите.

Претседателот Пендаровски смета дека промената на границите, размена на територии и луѓе, како можно решение на спорот Приштина – Белград, може да доведе до штетно влијание во регионот, изјавила за Газета, советничката на Пендаровски, Билјана Радева.