Регион 19. јануари 2020. / 18:00

Вулин: Не може Ѓукановиќ да и забрани на Србија да ги чува светилиштата

Вулин: Не може Ѓукановиќ да и забрани на Србија да ги чува светилиштата

Мило Ѓукановиќ може да одлучи што сака, но тој не може да и’ забрани на Србија да ги чува светилиштата на својот народ и да ја брани единствената Српска православна црква, порача денеска српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Тој рече дека „Србите во Црна Гора не се повеќе сами“.

Вулин рече дека членството на Црна Гора во НАТО е одлука на надлежните од таа земја и Србија во никој случај не е и нема да го коментира овој факт, додавајќи дека одлуките на Црна Гора се нивни и дека не ги интересира Србија.

„Не знам зошто Ѓукановиќ тврди дека е спротивно на националните интереси дека Црна Гора не е членка на НАТО пактот, но знам зошто Ѓукановиќ ја напаѓа политиката на 90тите години. Ѓукановиќ може да ги скрши сите огледала, но во нив секогаш ќе ја најде сликата на политичарот кој се до 1999 година учествуваше во секој дел на политиката која тој ја нарекува политика на деведесетите“, реагираше Вулин на интервјуто на Мило Ѓукановиќ за агенцијата Танјуг.

Во интервјуто, Ѓукановиќ рече дека го разбира интересот на претседателот Александар Вучиќ за правата на српските граѓани и позицијата на СПЦ во други земји, но предупреди дека политиката мора да биде многу суптилна и дека 90-тите години и тогашниот обид тој ги регулира правата на граѓаните од српска националност во, како што тврди, во други земји од регионот.

Вулин додаде дека „Ѓукановиќ има право да се прави дека е роден како Црногорец и евроатлантист, а тие имаат право да се сетат дека Ѓукановиќ е Србин, и како што рече, искрен соработник на Слободан Милошевиќ и  достоен следбеник на русофилната традиција на владетелот на Црна Гора.

„Црногорската власт има право да одлучи што сака, но нема право да и забрани на Србија да се грижи за Србите, макар толку колку што Албанија се грижи за своите сонародници во Црна Гора“, порача Вулин.

Тој, исто така, праша зошто Ѓукановиќ едвај чека да ги посети Тачи или Харадинај, но посетата на претседателот Вучиќ, исто така, мора да се проценува или да се правда.