Регион 08. ноември 2019. / 18:00

Вучиќ в понеделник оди кај Макрон да го праша кој сè може во ЕУ

Вучиќ в понеделник оди кај Макрон да го праша кој сè може во ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Женева, каде учествуваше во Стратешкиот дијалог за Западен Балкан, во организација на Светскиот економски форум, порача дека Србија продолжува со реформите заради своите граѓани и нејзината иднина.

Вучиќ додаде дека не можел да добие одговор од претставниците на светските центри на политичката моќ на прашањето каква е иднината на регионот.

– Ние ќе продолжиме со реформите за доброто на нашите граѓани и за нашата иднина. Сакаме да ја подобриме нашата економија. Сакаме да продолжиме да го забрзуваме растот. Ќе го задржиме растот на над 3,6 проценти – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател најави дека в понеделникот ќе отпарува во ПАриз на средба со францускиот претседател Емануел Макрон, кого ќе го ќе прашал кој може да влезе во ЕУ.

Вучиќ истакна дека е важно ЕУ да одлучи за понатамошниот европски пат за земјите од Западен Балкан.

– Важно беше да се слушне од различни делови на Европа дека треба да се донесе некоја одлука во врска со нашиот регион. За мене беше многу важно в понеделник или вторник да се сретнам со Макрон – изјави српскиот претседател.

Вучиќ додаде дека претставниците на ЕУ не можеле да дадат прецизни и јасни одговори за иднината на овој регион.

– Кога зборуваат за реформите и кога ќе ги прашате што ако тоа го направиме, тие не знаат како да одговорат. Сепак, добро е што сите потврдија јасна и недвосмислена поддршка за европскиот пат на сите наши земји – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека треба да се донесе одлука за тоа кој може брзо да влезе во ЕУ, кој не може, или дали може да се добие пристап до структурните фондови ако се затворат или отворат поглавјата, или за припадноста на единствениот економски пазар.

– Има многу идеи и одлуките треба да се донесат во наредните седум месеци. До мај, ќе мора да знаеме. Оние кои не го гледаат регионот дека и е потребен на Европската унија колку и тој на нас, не ја разбира добро иднината на европската политика. Добрата вест за нас сега е назначувањето на комесарот Оливер Вархељи за европски комесар за проширување – додаде Вучиќ.

Тој додаде дека не го разбира целосно ставот на ЕУ дека десет земји од еврозоната, наводно, издржуваат 17-те други земји што се денес во ЕУ, што се користи како аргумент дека не им требаат уште четири, пет или шест држави на Западен Балкан.

– Оној што не гледа дека сме и потребни на ЕУ исто колку и таа нам, не ја разбира добро иднината на европската политика – изјави претседателот на Србија.

Тој кажа дека „не е на нас да и држиме предавања на Европа и дека нивната одлука е во прашање“, и дека е подготвен да дојде во Собранието на Србија и да разговара со пратениците за тоа што се случува во Европа и во светот.