Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се сретнал со досегашната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, во Ерусалим и дека имал добар и пристоен разговор со неа.
Вучиќ додаде и дека секогаш се обидувал да одржува најдобри односи со Хрватска и дека е сигурен оти Србите и Хрватите ќе имаат подобри односи во иднина.
– Ќе мора да живееме заедно и да сметаме едни на други во иднина – порача Вучиќ пред новинарите по неговата посета на Ерусалим, каде се одбележа 75-годишнината од ослободувањето на логорот во Аушвиц.