Регион 29. јули 2018. / 18:18

Вучиќ: Путин и Макрон ќе ја посетат Србија пред крајот на годината

Вучиќ: Путин и Макрон ќе ја посетат Србија пред крајот на годината

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон ќе пристигнат во Србија пред крајот на годината.

– Макрон ќе дојде во декември, а Путин во ноември во Србија, рече Вучиќ.

Тој истакна дека за тоа се заслужни граѓаните на Србија, но благодарение на нивното раководство што, како што додаде, дејствува на одговорен и сериозен начин.