Регион 24. мај 2018. / 22:19

Вучиќ: Прво исполнување на Бриселскиот договор, после компромис со Албанците

Вучиќ: Прво исполнување на Бриселскиот договор, после компромис со Албанците

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија има уште многу да направи во областа на владеењето на правото, но е уверен дека незадоволството на дел од јавноста за медиумските слободи и слободата на изразување е променето, и дека дебатата во тој сегмент е насочена на вистински начин и дека ќе има резултати во иднина.

„За нас останува голем проблем односот на Белград и Приштина, не затоа што некој некому нешто ветил, туку затоа што некој е доволно одговорен за да размислува за иднината на Србија и тешките прашања еднаш засекогаш да ги реши“, вели Вучиќ.

„Ќе бидеме подготвени во секој момент да разговараме со Албанците за постигнување компромис, но пред тоа се надеваме и очекуваме дека ќе биде исполнет Бриселскиот договор“, рече тој по средбата со известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер.