Регион 01. декември 2018. / 20:59

Вучиќ поради Косово не отиде да си ја земи наградата за мир

Вучиќ поради Косово не отиде да си ја земи наградата за мир

Српскиот претседател Александар Вучиќ не отпатува вечерва во Венеција, каде требаше да ја добие наградата за мир.

Вучиќ е годинешен добитник на наградата Златен лав за мир, но не змина за Венеција поради состојбата на Косово.

Иако вчера од неговата канцеларија известија дека претседателот ќе патува во Венеција, денеска наградата во негово име ја прими амбасадорот во Италија, Горан Алексиќ.

Вучиќ не заминал во Италија поради кризата на Косово и откако Приштина наметна двојно повисоки даноци за српските производи.