Регион 29. февруари 2020. / 10:26

Вучиќ откри кога ќе ги распише изборите

Вучиќ откри кога ќе ги распише изборите

Претседателот Александар Вучиќ најави денеска дека ќе ги распише парламентарните избори во Србија на 4 март, по враќањето од Вашингтон.

– Ќе биде долга кампањата, повеќе од 50 дена. Сите имаат време да се подготват. Кога се долги кампањите, потребно е да не се брза, бидејќи не можете да го достигнете врвот во кампањата, ако не подготвите најдобра тактика, но сите ќе имаат доволно време да ја претстават својата програма, изјави Вучиќ за РТС.

Вучиќ истакна дека се надева оти листата која самиот тој ќе ја води ќе оствари добар резултат.

– Ги повикувам луѓето на единство, на заедничка борба за понатамошен напредок на Србија и зачувување на мирот. На сите предизвици со кои се соочуваме, да одговориме единствено, рече Вучиќ.