Регион 07. април 2020. / 21:28

Вучиќ откри дека белградските болници се преполни: Дневно се примаат 130 пациенти

Вучиќ откри дека белградските болници се преполни: Дневно се примаат 130 пациенти

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека капацитетите на болниците во Белград се пополнети. Тој истакна дека најголемо оптеретување има во главниот град, каде дневно се примаат 130 пациенти.

-Белград има 22,9 отсто од вкупниот број жители во Србија, а процентот на оние кои се заразени, кои лежат тука, а не се од тука, речиси е 50 отсто, изјави Вучиќ во гостување на РТС.

Тој додаде дека пациентите се упатуваат во белградските болници, како и дека капацитетите се исполнети.

-Во Ниш има околу 65 слободни респиратори. Тие наскоро нема да бидат пополнети, се надевам никогаш, а во Белград пристигаат по 130 пациенти секојдневно. Кога ќе влезете во „Мишовиќ“ вие не излегувате брзо, потребно е време да закрепнете, изјави Вучиќ додавајќи дека на тоа мислел кога изјавил дека привремената болница во Белградскиот саем е најдобра.

Изјавата на српскиот претседател следува откако денеска со одлука на Владата беше испратена инструкција до локалните власти пациентите кај кои е потврден корона вирусот повеќе да не се лекуваат во домашни услови.