Регион 20. јули 2019. / 20:50

Вучиќ: Оставката на Харадинај е политички трик за да се стекне популарност

Вучиќ: Оставката на Харадинај е политички трик за да се стекне популарност

Српскиот претседател Александар Вучиќ свика конференција за медиумите по повод реакциите на оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и евентуалните импликации на таа оставка.

Ја разбираме радоста, но не би сакал да изразам некакво задоволство од оставката на Рамуш Харадинај. Сметаме дека нема причина за еуфорија бидејќи ги согледуваме сите факти и последици на тој чин, а особено како ќе се однесуваат и Албанците и меѓународната заедница кон Србија и нејзиниот народ – кажа Вучиќ.

Тој истакна дека државата Србија ќе биде со своите граѓани и по дополнителната хомогенизација на Албанците, екстремизацијата на нивните ставови и нескриената омраза кон српскиот народ во српската држава која ја доживуваат како единствен виновник и дека продолжувањето на дијалогот е клучно.

Оставката на Рамуш Харадинај е политички трик за да се стекне популарност. Тој се бори да ги порази противниците на Косово и Метохија, тој е јунакот кој се бори, а останатите се недостојни лидери кои тој ги води кон посветла иднина – кажа Вучиќ.

Тој истакна дека царините нема да бидат укинати и дека западните сили уште пожестоко ќе вршат притисок, ќе го уценуваат Белград под изговор дека косовските лидери ги испраќаат во Хаг.

Нашите предвидувања се дека ќе го пуштат за 48 часа. Не викам „можеби“, туку ќе го пуштат, ќе се врати како голем херој на албанското население, неговата популарност ќе порасне, сите останати ќе паѓаат – истакна претседателот на Србија.

Вучиќ кажа и дека со овој потег се планира и подготвува победа на најтврдата албанска опција и исклучување на Српската листа од политичкиот живот на Косово и Метохија.