Регион 31. јануари 2021. / 22:02

Вучиќ од Париз: Имаме договори за 11 милиони вакцини

Вучиќ од Париз: Имаме договори за 11 милиони вакцини

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва соопшти дека земјата ќе има договори за 11 милиони вакцини против корона вирус.

– Колку земји имаат договори, а немаат ниту една вакцина, а ние веќе вакцинираме луѓе во Србија, изјави Вучиќ во вклучување во живо од Париз каде денеска отпатува во работна посета на Франција.

Тој наведе дека во земјата веќе еден месец се вакцинираат луѓето, спасувајќи секојдневно животи. Вучиќ рече дека во Белград се вакцинирани 125 000 луѓе, во Ниш 24 000, нешто помалку во Нови Сад, а во Крагуевац 15 000 граѓани.

– Се оди добро, вакцините им носат здравје на луѓето и добра економија, изјави Вучиќ, кој додаде дека кон крајот на март во земјата ќе пристигнат уште еден милион вакцини.

Претседателот на Србија утре во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.