Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска се заблагодари на следачите на неговиот официјален инстаграм профил за поддршката и порача дека нема слобода во поделбите и дена нема напредок во караниците.
– Големо благодарам на огромната поддршка, на надежта и вербата во поинаква и подобра иднина. Нема слобода во поделбите. Нема напредок во караниците. Нема цел во маглата од конфликти, нема резултати без меѓусебно почитување. Да живее Србија, напиша Вучиќ.
За потсетување, вчера пред срспкото собрание се случија протести на подржувачите на владеачката Српска напредна странка (СНС) и на подржувачите на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ. Вучиќ синоќа имаше вонредно обраќање во кое повика на единство и побара да нема масовни собири.