Регион 17. March 2019. / 16:55

Вучиќ: Не попуштам пред фашистички лидери и тајкуни

Вучиќ: Не попуштам пред фашистички лидери и тајкуни

Српскиот претседател Александар Вучиќ во изјавата објавена на Инстрагам во 15.20 часот нагласува дека нема да го напушти Претседателството и нема да попушти пред „фашистичкиот лидер“ Бошко Обрадовиќ и тајкуните Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ и дека никогаш нема да се откаже од борбата за пристојна и модерна Србија.

-Јас сум во мојата канцеларија во Претседателството. Нема да бегам, нема да заминам. Принципите за кои се залагам се повредни од животот. Никогаш нема да се откажам од борбата за пристојна и модерна Србија, нема да се повлечам пред фашистичкиот водач и тајкуни, крадци кои ја оштетија земјата. Не излегуваме одовде не затоа што не можеме, туку затоа што не сакаме да повредиме никого. Сакаме да ја зачуваме секоја српска глава, па дури и онаа што фашистите ја завеле- се наведува во постот.

Во меѓувреме дел од демонтрантите кои се пред зградата на Претседателството се упатија кон полцииска станица каде се приведени лица по вчерашниот упад во РТС во бид да издејствуваат нивно ослободување, јавија белградски медиуми.