Регион 26. јули 2020. / 15:18

Вучиќ најави досега најголемо вложување во одбранбената индустрија

Вучиќ најави досега најголемо вложување во одбранбената индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ, го посети 15. тенковски баталјон на Првата бригада на армијата во касарната во Сремска Митровица, при што присуствуваше на показна вежба на способностите на тенковските единици и на ракетните фрлачи од 128 мм, М77 „Огањ“.

Вучиќ за време на настанот изјави дека земјата сака да ја зачува воената неутралност, безбедноста, стабилноста и мирот, но нагласи дека одбрана е важна,

Затоа, Вучиќ најави дека доколку затреба ќе бидат одвоени дополнителни, досега најголеми финансиски средства за одбранбената индустрија.

Ние сакаме да ја зачуваме воената неутралност, да бидеме свои на своето и не влегувајќи во ничија трка, секогаш да можеме да гарантираме безбедност, стабилност и мир. Колку сте посилни, имате посилно превентивно дејство врз оној кој смета дека може да постигне некои политички цели преку воена агресија – изјави Вучиќ.