Најголемиот авион на српската флота „ербас А330“ синоќа слета во Србија со помошта пратена од Кина, пренесуваат српските медиуми.
Кина испрати медицински апарати, средства за дезинфикација, маски и друга заштитна опрема, како и тим од шестмина експерти кои се бореа против епидемијата во кинески Вухан каде што изби заразата.
На пакетите што пристигнале од Кина стои натписот „челични пријатели, го делиме и доброто и злото!“, на српски и на кинески. Помошта и експертите ги пречекаа српскиот претседател Александар Вучиќ и амбасадорката на Кина во Србија Чен Бо. Предвиден е уште еден лет од белградскиот аеродром во Кина, за преземање на втора пратка помош наменета за Србија.
Хвала кинеским и српским пријатељима на њиховом даноноћном раду и уложеним напорима. ???Tим медицинских стручњака, медицински материјал и опрема су кренули из Кине. pic.twitter.com/XPDHM4vjPQ
— Chen Bo (@AmbChenBo) March 21, 2020