Регион 09. ноември 2018. / 20:26

Вучиќ ја праша новинарката: И што уште треба да ви обезбедиме, а ние да не добиеме ништо?

Вучиќ ја праша новинарката: И што уште треба да ви обезбедиме, а ние да не добиеме ништо?

Србија и Косово не успеаја во четвортокот во најновиот обид да се доближат до постигнување на договор за нормализирање на односот кој го бара Европската Унија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ после разговорот со косовскиот претседател Хашим Тачи и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, изјавил дека дијалогот со Косово ќе продолжи кога Приштина „ќе ги повлече своите противправни одлуки“, пишува Танјуг.

На прашањето дали во евентуалната спогодба Белград и Приштина меѓусебно ќе се признаат како што вели Тачи, претседателот на Србија рекол:

– И што уште треба да ви обезбедиме, а ние да не добиеме ништо. Дали има уште некоја желба. – рече Вучиќ.

Албанска новинарка му поставила и прашање поврзано со убиството на Оливер Ивановиќ, на што претседателот на Србија одговорил:

– Косовската полиција е во потполност задолжена, 100 отсто, за истрагата на убиството на Оливер Ивановиќ. Дали е тоа вистина или не е? – одговори Вучиќ.

Новинарката одговорила дека не е, на што Вучиќ додал:

– За жал, вистина е. Добро е ако сметате дека сум во право, тоа значи дека косовската полиција нема компетенција ниту овластување во Косовска Митровица. Ви честитам на тоа и многу сум среќен што тоа го слушам. Ние ќе се погрижиме за тој случај. Ви благодарам што кажавте. Тоа за мене е многу важно. -одговорил тој.