Регион 10. април 2018. / 12:13

Вучиќ и Борисов ќе го чуваат мирот на Балканот

Вучиќ и Борисов ќе го чуваат мирот на Балканот

Српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска остварија средба во Мостар.Вучиќ изјави дека многу време е пред нив и многу нешта можат да се случат и пред претстојниот Самит во Софија, затоа важно е да направат се што е можно за да се зачуваат мирот и стабилноста на Балканот.

Борисов истакна дека се зголемува интересот на инвеститорите за регионот и дека ЕУ се залага за мир и просперитет на Балканот.

„Дали и големите геополитички играчи го сакаат истото – не знам“, изјави Борисов и изрази надеж дека и колегите во Косово ќе продолжат во ист дух.