Регион 17. мај 2019. / 23:01

Вучиќ: Ги спојуваме Србија и Црна Гора

Вучиќ: Ги спојуваме Србија и Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека почнува изградбата на еден од најтешките делови на автопатот од Србија кон Црна Гора. Денеска официјално почна работата на делницата Прељина – Пожега, во должина од 30,9 километри.

Тој истакна дека по 70 години се исполнува сонот на граѓаните на тој дел од земјата и дека за некоја година Србија ќе биде поврзана со автопат со Црна Гора.

Вучиќ рече дека веќе до 19 декември ќе биде отворена делницата од Коридорот 11 од Сурчин до Обреновац и додаде дека тоа му го ветиле Кинезите.

Вучиќ рече дека Кинезите се заинтересирани да го градат и автопатот од Пожега до Бољаре на границата со Црна Гора и изрази надеж дека наскоро ќе почне работата и на тој дел.

Вредноста на работите на делницата од Пртељина до Пожега изнесува 450 милиони евра.