Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека „изборите на 21 јуни нема да бидат главна тема“ доколку земјата има проблем со корона вирусот и пораст на бројот на заразени.
– Одложување на избори нема да има ако ги контролираме работите. Но, доколку се појават проблеми со пораст на бројот на заразени кои не можеме да го контролираме, за нас здравјето е на прво место. Државата ќе реагира опдготвено и одговорно со цел заштита на животите на луѓето, изјави Вучиќ, по увидот на работите за изградба на новиот Клинички центар за Србија.
Вучиќ, наведувајќи дека изборите во Хрватска најверојатно ќе се одржат на 5 јули, дека тие се можни и во Македонија, а дека дел од опозицијата во Србија бара од Европскиот парламент да ги одложи во Србија, кажа дека, според Уставот и законите, изборите веќе доцнат, два-три месеци.
-Веќе ги надминавме сите дозволени рокови и не разбирам како некој мисли дека со воведување вонредна состојба или со противуставно однесување, можеме да ги одложиме и понатаму, оцени Вучиќ.