Регион 30. јуни 2019. / 21:05

Вучиќ до Србите: Повеќе деца е насушна потреба на нашиот народ, тоа ми е најголема грижа

Вучиќ до Србите: Повеќе деца е насушна потреба на нашиот народ, тоа ми е најголема грижа

Српскиот претседател Александар Вучиќ, беше во посета во општина Оџаци, каде ја нагласи важноста на наталитетот и зголемување на бројот на живородени деца, за да има кој да го наследи тоа што е изградено.

Луѓе ако немаме повеќе деца, џабе ни е сето тоа што работиме, и работни места обезбедуваме, и стапката на невработеност е намалена за разлика од порано, и ќе има уште нови инвестиции. Но тоа се ќе биде џабе ако немаме деца, нема да имаме на кој да му ги оставиме патиштата, ниту здравствените домови, ниту чистата вода нити било што друго, ако немаме повеќе деца. Затоа ве замоувам да разберете дека тоа е насушна потреба на нашиот народ. Нема да има кој да ни работи. Кај нас на автопатите на југот и на истокот, почнуваат да работат луѓе од Северна Македонија и Бугарија и Турција и од многу други држави. Ние веќе немаме наши заварувачи, наши бравари, наши ѕидари и многу други занаетчии. Затоа ве молам да размислите за ова, не се завршува животот во Србија со заминувањето на нас од овој свет. Србија мора да живее и после нас, затоа ве молам да се грижите за нашата иднина и да имаме повеќе деца отколку што сме имале во изминативе години, рече Вучиќ.

Делот каде Вучиќ зборува за наталитетот, почнува од 11:06 и трае до 12:42.