-Настрана, господине премиер на што и да сакате, да ви кажам дека вашата изјава дека никогаш нема да ги укинете царините само ги покажува вашите ароганција и нервоза, порача Вучиќ во рамки на предизборната кампања.
Тој потсети дека Харадинај најави пред 43 дена ќе го урне од власта на белградските улици.
-Со тие царини му штетите на својот народ. Не би се обложил дека толку лесно ќе ја урнете Србија како што планиравте. Србија е малку потврд орев отколку што мислевте, кажа српскиот претседател.
–Го слушнавте Кадри Весељи, неофицијалниот „командант на Косово“, дека кажа дека не знае дали е подобар Рамуш Харадинај, Хашим Тачи или Иса Мустафа, но дека знае дека за нив е најлош и единствен непријател Александар Вучиќ. Не сум среќен поради тоа бидејќи тие се опасни луѓе и ја разбрав пораката, но малку сум и горд, бидејќи знам дека тие толку го мразат оној што прави добро за српскиот народ, истакна Вучиќ.