Регион 25. март 2020. / 20:31

Вучиќ: Болниците се полнат, ќе има повеќе жртви бидејќи се повеќе луѓе се на респиратор

Вучиќ: Болниците се полнат, ќе има повеќе жртви бидејќи се повеќе луѓе се на респиратор

Расте бројот на заразени од корона вирусот во Србија. Од 245 новотестирани, позитивни на корона вирусот било 81 лице, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 384.

Денеска е далеку најтежок ден – изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Тој најави дека за десетина дена ќе се тестираат околу 3.000 луѓе дневно, поради што ќе се зголеми бројот на потврдени случаи на заразени лица.

Но, ние мора да се соочиме со тоа и подобро е да се соочиме со тоа отколку да чекаме да дојде смртта по нас. Болниците секој ден се полнат, ќе има повеќе жртви бидејќи се повеќе луѓе се на респиратор – вели Вучиќ.

Како што порачаува српскиот претседател, подобро е да се обидат да ја откријат инфекцијата во рана фаза и со тоа да спасат дел од животите, но и да спречат ширење на болеста на други.