Регион 20. јуни 2019. / 10:22

Вучиќ: Албанците не се подготвени да разговараат за важни работи

Вучиќ: Албанците не се подготвени да разговараат за важни работи

Српскиот претсетдаел Александар Вучиќ изјави денeска дека со 99 отсто сигурност може да каже дека состанок во Париз нема да се одржи.

– Мислам дека Албанците не се подготвени да разговараат за важни работи, дека на посебен начин сакаат да испратат порака до Германците и до Французите дека не се Европјаните тие кои треба да го решаваат косовскиот проблем. – изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека Србија се однесувала конструктивно, сериозно и сака дијалог и конструктивно решение, но не сака да влегува во разговори со кои може да каже дека однапред потпишале независност, а дека за царините не може да се зборува.

Според него, Приштина не сака дијалог и сака со се да управуваат САД и никој друг.

– Мислам дека нивната одлука е да не се одржи состанок. – нагласи Вучиќ додавајќи шансите се помали од еден отсто Албанците да прифатат да се разговара за царините.