Регион 22. март 2020. / 18:16

Втор смртен случај од коронавирусот во Словенија

Втор смртен случај од коронавирусот во Словенија

Втор смртен случај од корона вирусот во Словенија. Станува збор за пензионерка сместена во домот за стари лица во Метлика.

Информацијата ја потврди министерот за здравство Томаж Гантар. Предходно Националниот институт за јавно здравје соопшти дека бројот на заразени лица со коронавирусот во земјата се зголеми на 414.

Досега за коронавирусот се тестирани вкупно 13.098 лица.