Регион 06. април 2020. / 10:03

Втор мигрантски камп во Грција ставен во карантин поради потврден случај на Ковид-19

Втор мигрантски камп во Грција ставен во карантин поради потврден случај на Ковид-19

Бегалскиот камп „Малакаса“ во близина на Атина е ставен во 14-дневен карантин откако беше потврдено дека 53-годишен бегалец од африканските земји е позитивен на Ковид-19.

Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштија дека 53-годишникот, кој има здравствени проблеми, со симптоми на корона вирусот се пријавил кај лекарите во кампот. Веднаш бил пренесен во болница во Атина и по направениот тест, потврдено е дека заразен со Ковид-19.

Неговото семејство е во карантин во кампот.

Со одлука на министерот за миграција и азил на Грција, во соработка со заменик-министерот за цивилна заштита и претседателот на Националната организација за јавно здравје, во бегалскиот камп забранет е влез и излез.

Ова е втор бегалски камп во Грција што се става во карантин поради Ковид-19.

Од 1 април 2020 година, бегалскиот камп „Рицона“ во близина на грчкиот остров Евиа е во 14-дневен карантин, откако родилка сместена во кампот беше заразена со корона вирусот, а по проверката на нејзините контакти, беа потврдени 20 лица позитивни на Ковид-19.