Полициски службеници во Одел за високотехнолошки криминал при Управа на криминалистичка полиција во Република Српска во соработка со полициска управа во Добој и Приједор реализирале оперативна акција под коден назив „Карика“ и „Инстикт“, во која се уапсени седум лица кои преку Фејсбук врбувале деца заради ширење на детска порнографија.
Оперативната акција на МВР на РС била изведена во период од септември 2019 до јуни 2020 година, пренесува „Српска инфо“.
Извор од истрагата открива дека осомничените на Фејсбук врбувале деца, потоа ги наведувале да направат содржина на детска порнографија, односно барале децата да се фотографираат без облека, опишувајќи им го детално начинот како да ги фотографираат своите интимни делови на телото.
Користејќи ги апликациите Месинџер и Вибер, по пат на СМС порака осомничените договарале состанок каде што извршувале обљубување и полови работи. Откако договарале состаноци, детално опишувале со која цел сакаат состанок, истите доаѓале на таквиот состанок, каде што се и уапсени од полициските службеници за високотехнолошки криминал и лишени од слобода – навел извор од истрагата.
Жртви на педофилите биле деца на возраст од 12 до 14 години.
Инаку службата за високотехнолошки криминал во наредниот период ќе спроведува плански активности на откривање и докажување кривични дела поврзани со сексуална експлоатација на деца.