Регион 03. февруари 2021. / 12:19

Врање е на врвот градови во Србија по број на вакцинирани

Врање е на врвот градови во Србија по број на вакцинирани

Врање според последните статистички податоци е на самиот врв на градови во Србија во кој се спроведува вакцинацијата.

Според податоци од вторникот, на подрачјето на Градот Врање вакцинирание се над 6000 лица, што е речиси 10 отсто од возрасното население, соопштија од Градскиот штаб за вонредни ситуации, пренесуваат медиумите.

Вакцинацијата се спроведува во Спортската хала во Врање со цел да се избегнат групирања како и во пунктовите во Домовите за здравје. Целиот процес го надгледува стручен тим од Заводот за јавно здравје кои даваат согласност на планот за време на ревакцинација на населението.

Во Србија досега се вакцинирани речиси половина милион граѓани или точно 495.964 и по стапката на вакцинација на милион жители е втора земја во Европа, веднаш заа Велика Британија.