На Фејсбук денеска се појави видео од воспитувачка во домот за незгрижени деца во Србија, која според наведеното се однесува неодговорно кон малите деца кои се без родители.
На снимката се гледа како го носи детето за една рака и со мобилниот ги фотогрфира другите, а се допишува и на мобилен телефон кој не е дозволен во таа просторија.
На фејсбук страната на „Левијатан“ се повикува да реагира МВР на оваа снимка.
Според српски „Курир“ Центарот за заштита на деца без родители во Белград, веднаш по снимката реагирале и ја суспендирале медицинската сестра Џ.А.