Три девојчиња, 18-годишната Ајла Ибрица, 17-годишната Наџа Нерадин и 17-годишната Лејла Оруќ загинаа во стравична сообраќајна несреќа, која ја шокираше јавноста не само во БиХ туку и во целиот регион.
Девојките загинале во петокот кога BMW X5, со кој управувал нивен пријател, 20-годишниот Алмир Ејубовиќ со голема брзина се забил во метален столб на автопатот А-1. Момчето возело со 244 километри на час.
Пожарникарите од смачканото возилот кое скоро се преполовило, едвај ги извлекле телата на Ибрица и Нерадин кои загинале на лице место, додека Лејла која сѐ уште давала знаци на живот, за жал, истата ноќ во 20:05 часот подлегнала на повредите.
Лекарите сѐ уште се борат за животот на 18-годишната Ајла Оруќ, сестра на настраданата Лејла. Возачот се здобил со скршеници на пршлените и задржан е на лекување во болница.
Роднините на настраданите девојчиња кажале дека тие се познавале уште од дество.