Регион 30. јуни 2020. / 11:35

Воведена вонредна состојба во Врање поради нагло ширење на корона вирусот

Воведена вонредна состојба во Врање поради нагло ширење на корона вирусот

Кризниот штаб во Врање донел одлука во овој град на југот од Србија да воведе вонредна состојба поради зголемиот број на новоинфицирани лица со корона вирусот.

Центарот за јавно здравје во Врање ситуацијата во градот ја оценил како нестабилна и тешка по што е симната дилемата дали да биде воведана вонредната сотојба во градот.

Ваквата одлука во Врање е донесена само половина час откако стигнал сигнал од Белград каде заседаваше републичкиот Кризен штаб. Во Врање ќе бидат засилен сите мерки кои ги има донесено локалната самоуправа, но и ќе бидат применувавани и денешните кои ги препорачал КШ од седницата во Белград.

Засега нема да има ограничување на движењето и работата на угостителские објекти, но ситуацијата будно ќе се следи за понатамошните чекори.