Во Загреб денеска е ограбена филијала на Привредна банка Загреб. При грабежот имало пукање и повреден е еден работник од обезбедувањето. Двајца крадци го извршиле грабежот со закана од огнено оружје.
Како што пренесуваат локалните медиуми, кон нив пукал полицаец кој бил во цивилка. Едниот од крадците е уапсен, а другиот е во бегство и за него има потерница