Регион 10. септември 2018. / 15:39

Во Загреб верижен судир во кој изгоре автомобил, еден возач е хоспитализиран (ФОТО+ВИДЕО)

Во Загреб верижен судир во кој изгоре автомобил, еден возач е хоспитализиран (ФОТО+ВИДЕО)

Едно возач беше итно пренесен во најблиската болница, по сообраќајната несреќа која се случи меѓу три возила во Загреб. По верижниот судир еден од автомобилите се запалил, пренесува „24Сата.хр“. На местото на несреќата покрај полицијата, итно беше повикана и противпожарна екипа.

Од силниот удар еден од автомобилите беше превртен наопаку.

Според неофицијални информации во медиумите , полицијата недалеку од местото на несреќата го нашла возачот, чиј автомобил по ударот се запали.

Поради прибирањето на докази кое траеше неколку часа затворен беше и булеварот на кој се случи несреќата.

Истрагата соопштија од полицијата за тамошните медиуми и натаму е во тек, а по завршувањето на истата ќе се знаат причините поради кој дошло до сударот.

Медиумите се обиделе да дојдат и до информации околу здравствената состојба на возачите, меѓутоа таа засега е непозната.