Регион 13. септември 2018. / 16:18

Во Загреб се слушаат рафали од калашников, децата се затворени во училиштата (ВИДЕО)

Во Загреб се слушаат рафали од калашников, децата се затворени во училиштата (ВИДЕО)

Во загребската населба Вукомерац дошло до пукање во близина на основно училиште.

„Се слушаа рафали, автомобилите се избушени како швајцарско сирење, а децата се забракадирани во училиштетот“ вели жена која била сведок на пукањето. Таа додала дека дошло до кавга и огнена пресметка меѓу членови на едно семејство кое живее недалеку од училиштетот.

Како што велат соседите, кавгата избила меѓу браќата, а интервенирала полицијата. На лице место имало десетина полицајци, но тоа не било доволно за ситуацијата да се смири. И денеска од куќата се слушаат пукотници.

На лице место се упатиле специјалци, а засега е утврдено дека непознат сторител пука со огнено оружје и оштетил неколку автомобили и куќа, но нема повредени.

&nbsp