Едно лице е повредено вчера при експлозија на зграда во Загреб.
Како што е наведено, пожарникарната служба нешто после 17 часот добила дојава за експлозија на шестиот спрат на улица Рузмаринка 9.
На терен излегле 5 возила и 17 пожарникари кои брзо го локализирале пожарот и извршиле евакуација преку балконите.
Засега не се знае причината за експлозија, а загребачката полиција е сѐ уште на терен каде врши увид на настанот.